Пред домот на Фатиме Фетаи зголемено полициско присутво
Од пред два дена пред домот на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи има зголемено полициско присутво.
Причината според СЈО не се закани кон обвинителката туку претпазливост откако со безбедносни проценки е утврдено дека зголемени мерки се потребни поради лошата положба на домот на Фетаи. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прашањето на Телма тврди дека немало зголемено обезбедување на специјалните обвинители.
Од Специјалното обвинителство за Телма велат дека нивните обвинители досега не се жалеле на закани поради кои би чувствувале лична загрозеност.
Слично
