Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД БАНКРОТ НАЈГОЛЕМАТА КОМПАНИЈА ШТО ЈА СНАБДУВА ВИЕНА СО СТРУЈА: Високата цена виновник за загубата

ПРЕД БАНКРОТ НАЈГОЛЕМАТА КОМПАНИЈА ШТО ЈА СНАБДУВА ВИЕНА СО СТРУЈА: Високата цена виновник за загубата

На главниот оператор со струја во Виена „Виен Енерџи“ му недостигаат 1,7 милијарди евра и му се заканува банкрот, беше истакнато на вчерашната средба за цената на струјата во австриската влада.

Според „Ое24“, директорот на „Виен Енерџи“, Михаел Штебл, на состанокот рекол дека компанијата се соочува со загуба од околу 1,7 милијарди евра.

Градот Виена во изминатите месеци наводно финансиски и помагал на „Виен Енерџи“, а сега е потребна помош од сојузните власти за да се избегне банкрот, тврди „Ое24“.

Последиците од банкротот би биле катастрофални бидејќи два милиони клиенти на „Виен Енерџи“, која ги снабдува жителите на Виена со струја и гас, среде зима би останале без оператор.

Како што тврдат од компанијата, за големата загуба се виновни огромните цени на енергијата.

Кабинетот на канцеларот и Министерството за финансии во моментов ги анализираат можностите за помош.


Слично

Поврзани вести