ПРЕД 40 ГОДИНИ ОВАА ЗЕМЈА БЕШЕ ЗАДОЛЖЕНА КАКО ГРЦИЈА: Денес нема ни евро долг
Овие денови најсреќната земја на светот Данска го отплати и последниот долг.
Станува збор за долг кој „тежи“ 1.5 милијарди долари по основ на обврзници.
За прв пат по 83 години земјата се ослободи од долг во странска валута.
Како што пишува Блумберг, пред 4 децении оваа земја беше сиромашна и се соочуваше со инфлација.
Во 1980 година Данска била таму каде што денес е Грција.
Сега е земја со висок суфицит и јаки јавни финансии.
Од 19 век Данска се задолжувала во странство, дел за војната со Германија, но и за градба на железничка пруга.
Во еден период Данска мораше да ја девалвира својата валута, круната за да ја стабилизира економијата.
Денес Данска нема потреба од некои реформи, има девизни резерви со што ја брани вредноста на круната во однос на еврото.
Од март 2014 година државата нема потреба да се задолжува во странска валута.
