Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пребегани руски олигарси бараат милост од Путин

Пребегани руски олигарси бараат милост од Путин

16 руски милионери кои живеаат во Лондон испратиле формално барање до руската влада за амнестија со цел да се вратат во Русија и да ги платат штетите кои им ги нанеле на руските граѓани со нивните деловни измами.

Листата на пребегнати милионери биле предадена до рускиот народен правобранител Борис Титов кој потоа ја препратил до Кремљ за што бил известен и рускиот претседател Владмир Путин.

Неговиот портпарол Дмитриј Песков истакна дека Путин тука нема големи надлежности и дека секој случај на овие бизнисмени треба да се разгледува одделно согласно законите на Руската федерација. 

На бизнисмените нема да им биде доделена амнестија доколку не ги подмират сите долгови и трикратно да ги надоместат штетите на руските граѓани, бидејќи постои опасност да го повторат делото и при следна измама повторно да избегаат од Русија. 

Слично

Поврзани вести