Економија, финансии, бизнис

Контакт

Празник им е на цариниците

Празник им е на цариниците
Царинската управа на Македонија денеска го одбележува 14 април - Денот на македонската царина. Во рамките на одбележувањето, ќе бидат презентирани активностите на царинските службеници во изминатата 2013 година, а посебен акцент ќе се стави на примената на концептот на Овластен економски оператор и досега постигнатите резултати од имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем. Само минатата недела во Македонија Царинската управа имаше полни раце работа и спречи шверц на девизи, лекови, зеленчук, ловечка муниција, рачни часовници, бижутерија и женски чанти. Околу 33.000 швајцарски франци биле откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при личен претрес на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих и се определил за зелен канал, каде што поминуваат патници кои немаат што да пријават за царинска контрола.
Слично

Поврзани вести