Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАЗНИЧЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Еве кои денови нема да се работи!

ПРАЗНИЧЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Еве кои денови нема да се работи!

Се наближува големиот христијански празник Велигден а и неработните денови заедно со него.

За верниците од православна вероисповед викендов ќе биде продолжен.

Од министерството за труд и социјална политика, информираат дека согласно со Законот за празниците на РМ, 29 април 2016 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Воено, неработни денови ќе бидат и 1 мај (недела), Денот на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија и 2 мај 2016 година (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

 

Слично

Поврзани вести