Правобранителот во одбрана на граѓаните-бара да им се остават пари за егзистенција
Неправилности со кои се прекршуваат правата на граѓаните, утврдил Народниот правобранител, по жалбите на граѓаните кои се однесуваат на присилната наплата на даночните долгови од сметка во банка, по решенија донесени од УЈП, градот и општините.
Поради ова од поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои треба да ја спречат ваквата појава.
Кога се врши присилна наплата се одзема целиот паричен износ, кој граѓаните го примаат како плата, пензија, надоместоци, детски додаток, стипендии, социјална заштита и слично, со што се прекршуваат одредбите за ограничување присилна наплата.
Барањето на Народниот правобранител е и во ваквите постапки задолжително да се води сметка извршувањето да биде само на 1/3 од платата или пензијата, се разбира за случаи кога на трансакциската сметка на физичкото лице единствен приход му е само по таа основа, вели Зоран Билбилоски, државен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител за Телма.
Од канцеларијата на Народниот Правобранител напоменуваат дека одземањето на целокупниот паричен износ на граѓанинот и оставање без основни средства за егзистенција претставува повреда на неговите права, неоправдано предизвикување штета и непочитување на законските правила.
Слично
