„Правдата е Устав, СЈО е правда“ – мото на протестот на „Шарена револуција“
„Правдата е Устав, СЈО е правда“ - мото на протестот на „Шарена револуција“ кој вечерва почнува пред СЈО.
„Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија. Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките фактори кои се борат за демократизација на Република Македонија. Заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее“ - велат од „Шарена револуција“.
„Скопје 2014“ може да се спречи само ако Владата падне, сметаат од здружението „Го сакам ГТЦ”. Тие повикаа на протест вечерва заедно со „Шарената револуција“.
Велат дека лани на референдум ГТЦ доби повеќе гласови од било кој политичар или партија претходно.

