Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАВДАTA Е СЛЕПА, НО ДАЛИ Е ДОСТИЖНА: Експертите бараат специјален суд за деблокада на Катица Јанева!

ПРАВДАTA Е СЛЕПА, НО ДАЛИ Е ДОСТИЖНА: Експертите бараат специјален суд за деблокада на Катица Јанева!
Бојкотот на Специјалното јавно обвинителство од страна на државните институции за експертите од судската фела не е изненадување. Напротив дури и мотивот за ваквиот игнорантски однос кон Катица Јанева и нејзиниот тим, според нив, е очигледен. Поранешниот Јавен обвинител Јован Трпеноски смета дека постои смислена блокада на СЈО. [caption id="attachment_200618" align="alignright" width="300"]jovan trpenovski Со закон утврдени се рокови во кои мора да се заврши постапката и да се подготви обвинителен акт. Пролонгирањето го сметам за смислено, за да не може СЈО да ги испочитува роковите.[/caption] „Мене не ме изненадува ова, но ме изненадува големината на опструкцијата која се врши од органите кои по закон се повикани да соработуваат со СЈО. Тие треба да ја извршуваат наредбата на Специјалната јавна обвинителка, затоа што таа е стожер на кривичниот прогон.“, изјави за Фактор Трпеноски. За поранешниот антикорупционер најнесфатливо е одбивањето на доставување на предмети на увид од страна на судовите и Републичкото Јавно обвинителство на Марко Зврлевски. Според Трпеноски тоа се прави за да се оневозможи постапувањето на СЈО во изработката на кривично - правни предмети. „Со закон утврдени се рокови во кои мора да се заврши постапката и да се подготви обвинителен акт. Пролонгирањето го сметам за смислено, за да не може СЈО да ги испочитува роковите. Ваквата опструкција е сериозна и може да предизвика последици не само на работата на СЈО, туку и за општата состојба во Македонија.“, смета Трпеноски. Страв од откривање на криминалот во институциите Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека бојкотот на институциите на СЈО покажува две работи: Партизација на целокупниот систем и нивната непосредна инволвираност во беззаконието и незаконското постапување. И, второ, страв од откривање на сите незаконски дејствија на институциите, нивните раководни структури и функционери, партиското и семејното влијание на институциите на системот. [caption id="attachment_200594" align="alignright" width="300"]Zvonko-Davidovik- Потребно е формирање на специјален суд, кој чесно ќе ја сработи работата и ќе го испочитува законот[/caption] „Селективната правда, селективното определување на мерката притвор, небулозни пресуди, фабрикувани обвиненија, квази заштитени сведоци и милион други проблеми, се само мал дел од она што нашето судство го практикува како квази правда. Дното кое нашето правосудство го достигна веќе ни самото судство не може да го сокрие и да глуми објективност, затоа што јавноста се повеќе е гласна и поставува прашања и бара одговорност, а СЈО е тоа кое е формирано да испита одговорност на сите инволвирани, вклучувакќи го и правосудството. “, вели за Фактор адвокатот Давидовиќ. Давидовиќ, излезот од сегашната шах-мат ситуација, ја гледа во формирање на специјален суд, оти во вакво партизирано судство правдата не само што е спора, туку е и недостижна. „Излезот е многу очигледен и јасен. Потполно и целосно откривање на вистината, утврдување на одговорноста и казна за сите одговорни. Ова е потребно за да се врати не само верата во институциите на системот, туку за да не се повтори истото. За да се реализира сево ова потребно е формирање на специјален суд, кој чесно ќе ја сработи работата и ќе го испочитува законот, нешто што за постечкото судство не е способно. “, оценува Давидовиќ. Попречување на правдата Специјалното јавно обвинителство обелодени дека е под целосен бојкот од страна на сите државни институции, а особено од правосудните органи.  Катица Јанева и нејзиниот тим во соопштение до јавноста посочија точно кои институции одбиваат соработка, а тоа се: Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за безбедност и контраразузнавање, Единицата за заштита на сведоци при МВР, Општина Битола, одредени Министерства, а на оваа листа се надоврзуваат и Oсновниот суд Скопје 1, Управниот суд, Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Токму затоа Јанева предлага измени во Кривичниот законик и воведување на ново кривично дело – Попречување на правдата. СЈО уште најави дека започнати се нови 15 предистражни постапки, кои се однесуваат на начинот на финансирање на медиуми, сомнителни јавни набавки, даночно затајување, перење пари, како и злоупотреби во градежниот сектор. М.Ј.    
Слично

Поврзани вести