ПРАВАТ СПИСОК НА ДРЖАВИ: Словенците ќе селектираат кого примаат
Словенија ќе прави список на држави чии граѓани ќе можат да влезат во земјата.
Властите почнуваат со составување на список, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Со ваква најава излезе портпаролот на владата Јелко Кацин, кој додаде дека ова пред сѐ се однесува на соседните земји.
Отворањето на границите ќе биде постепено, а списокот ќе се ажурира.
Граѓаните на Словенија добра причина односно работа или неодложни обврски, освен во Хрватска не смеат да патуваат во другите соседни држави.Владата на Словенија на 15 мај го прогласи крајот на епидемијата на коронавирус и со тоа стана првата земја во Европа што го стори тоа.Летните одмори се ближат, а државите ги утврдуваат правилата за патување.
За влез во Грција од 1. јули нема да биде задолжително тестирањето за Ковид-19.
Слично
