Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците во јануари најмногу распаравале за Законот за високо образование

Пратениците во јануари најмногу распаравале за Законот за високо образование

Медиумите во јануари 2015 досега најмногу информирале од почетокот на периодот на мониторинг за содржината на парламентарните расправи, ставовите и аргументите изнесени од страна на пратениците. Клучно за привлекување на медиумскиот интерес беа парламентарните расправи околу Законот за високо образование, законските измени со кои се овозможи увид во банкарските сметки на корисници на социјална помош, амандманите на Уставот, патните трошоци на пратениците и посетата на претстедателот на албанскиот парламент Илир Мета.

За прв пат од почетокот на мониторингот помалку застапени се новинарските информации во кои Собранието само се споменува, а информацијата суштински не се однесува на работата на пратениците.

Во јануари медиумите во објавените информации како извори најчесто ги посочуваат пратениците. Притоа, многу почесто се застапени информации во кои како извори се јавуваат пратеници од само една политичка опција (најчесто од мнозинството), а поретко информации во кои истовремено се застапени пратеници и од власта и од опозицијата.

mediumi

Почесто отколку во минатите месеци како извори се застапени претставници на други државни институции, странски дипломати и претставници на меѓународни организации, граѓански организации и граѓани.

Ова се дел од наодите во Петтиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието спроведен во периодот од 1  до 31 јануари 2015.

Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.

Оваа публикација се изготвува со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Слично

Поврзани вести