Пратениците распрaваат за Законот за азил
Пред три дена премиерот Груевски стави потпис со што на Владина седница поминаа законските измени на Законот за мигранти.
Овој закон се прави пред се како би се зпрел бранот на мигранти кои доаѓаат над илјадници со надеж да стигнат до некои земји во Европската унија.
„Тие промени ќе овозможат подобро решавање на проблемот на илегалната имиграција со која се соочува Макеоднија“, се наведува во соопштението на владата.
Наместо во понеделник , пратениците денес го разгледуваат Законот по итна постапка
Тие амандмани денес се разгледуваат во парламентот, по итна постапка , но нивното усвојување ќе биде само формалност бидјеќи владата на премиерот има мнозинство во собранието .
Според тие промени на законот, илегалните мигранти ќе имаат рок од 72 часада поднесат барање за азил или да ја напуштат земјата.
„Странец кој влегува на наша територија ќе може пред полицаец, усмено или писмено да поднесе барање за азил на самиот граничен премин“, истакна портпаролот на владата Александар Георгиев.
Мигрантите ќе може да користат јавен превоз, вклучувајќи возовим автобуси или такси, кои владата досега не ги дозволуваше. Поради тоа многу мигранти пеш или со велосипед го поминуваа патот од 200 километри до границата со Србија, одкаде се обидуваат да влезат во нкоја земја, членка на Европската унија – Бугарија, Романија, Хрватска или Унгарија.
Секојдневно пред очи ни излегуваат мигранти, поделени во групи, деца и мајки, татковци и браќа ....
Крвави стапала, изменоштеност, интриги,измами – ова е голготата на стотици мигранти кои секојдневно транзитираат низ земјава. Велат дека стравот одамна го надминале бидејќи добар дел од нив само до Македонија патуваат и по две години. Секое од патешествијата носи своја приказна. Растурени семејства, одвоени деца, оставени роднини во потрага по подобар живот. Од Центарот за Меѓуетничка толеранција и бегалци велат дека секојдневно на терен се соочени со животните судбини на бегалците, но како што велат земјава и овој пат не била во вистински момент подготвена да се справи со ваквите појави на бегалска криза.
Измените на Законот за азил кои денеска конечно треба да го поминат собранискиот филтер, според Центарот се забавена реакција од која може да се очекува барем мало ублажување на голготата и олеснување на транзитот на мигрантите низ земјава. А, потоа како им даде Господ!
ЕУ неединствена за квотите за мигранти
Земјите членки на ЕУ не успеале да се договорат околу итниот план на распоредување на илјадници бегалци кои го преминуваат средоземното море. Смо 10 од 28 земји го поддржуваат тој предлог, а дури и оние кои го прифаќаат сакаат да го променат начинот на кој се пресметуваат квотите. На француско-италијанската граница полицијата насилно оддалечила десетина имигранти.
Околу 100 000 имигранти влегле во Евопа од почетокот на годинава па досега, а околу 2000 загинале или се водат како исчезнати во опасните обиди да стигнат до копно. Најголемиот број на бегалци стигаат во Италија и Грција, а многу повеќе се очекува дека ќе стигнат во летниот период од јуни до септември.
На разговорите во Луксембург министерите за внатрешни работи на Унијата не се сложиле околу тоа како 40 000 нови бегалци кои стигаат во Италија и Грција треба да се расподелат рамноправно помеѓу европските дваесет и осум членки за да се намали теретот за тие две земји.
„Постои несложување околу ова прашање. Нема заеднички став околу тоа дали треба да биде доброволно или задолжително“, рекол после состанокот на летонскиот министер за внатрешни работи Рихардс Козловскис чија земја до крајот на јуни претседава со Унијата.
Претходните планови доброволно да се прифаќаат имигранти покажаа дека се недоволни додека сегашниот план правно да се обврзат земјите на ЕУ да примат одреден број на бегалци не наидоа на одобрување од мнозинството. Само 10 од 28 земји го поддржуваат тој предлог , а дури и оние кои го прифаќаат сакаат да го променат начинот на кој се пресметуваат квотите.
