Пратениците од власта без согласност од опозицијата ќе основаат нов Универзитет?
Опозицијата не учествува во работата на Собранието, а пратениците од власта расправаат за предлог- законот за основање на новиот Универзитет „Дамјан Груев”.
Расправата се одвива по скратена постапка а Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир според владината одлука е проширен со уште три нови факултети- економски, градежен и архитектонски.
Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, и за предложените измени и дополнувања на законите за земјоделство и рурален развој, за полиција, за внатрешни работи, за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување и за минерални суровини, исто така по скратена постапка.
СДСМ реши да не излезе од Собранието и го поддржува ставот дека ќе се врати во Законодавниот дом тогаш кога Уставниот суд ќе одлучи за уставноста на специјалното обвинителство.
Слично
