Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ПОТЕГ: Ќе отворат ли пат кон избори законите од Пржино?

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ПОТЕГ: Ќе отворат ли пат кон избори законите од Пржино?

Денеска во Собранието треба да се гласаат законските измени кои ги договорија партиите потписнички на Пржинскиот договор.

Со денешниот потег на пратениците ќе се знае дали ќе се отвори патот за предвремени парламентарни избори со кои би се излегло од политичката криза.

Имено, Предлог на закон изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, сите по скратена постапка, поднесени од пратениците Илија Димовски, Горан Сугарески, Артан Груби и Беким Фазлиу, во четврток се ставени на дневен ред на собраниската седница.

Доколку се оди според она што е договорено, Законодавниот дом треба да се распушти на 10 октомври, доколку избори се закажат на 11 декември. За преодна влада сто дена пред избори, ќе се менува Законот за Влада.

Законот за внатрешни работи ќе претрпи измени по неколку основи и тоа прво треба да се изгласа неговата суспензија, односно одложена примена за една година, а на министерот за внатрешни во преодната влада, ќе му се дозволи да направи 15 смени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто од раководните лица по хоризонтална линија. Со измени во законот за медиуми ќе се воведе петчленото ад-хок тело што ќе биде составено од партиски предлози, а треба да ја контролира балансираноста на објавите во медиумите 100 дена пред одржувањето на изборите, а опозициската партија вчера упати повик до новинарите да предлагаат членови на ова контролно тело.

Слично

Поврзани вести