Пратениците на ДПА со спротивни ставови за одлуката на ДИК
Претставникот на ДПА вчера гласаше „за“ заклучокот на Државната изборна комисија дека има услови за избори на 5 јуни.
Наспроти него, пратеникот од редовите на Мендух Тачи, Имер Алиу на својот фејсбук профил се огласи и напиша:
„Не се исполнети услови за веродостојни избори поради избирачкиот список. Исто така спорни се и изборните единици кои во сегашната ситуација не се еднакви по број на избирачи во нив, со што Албанците губата 5 до 6 пратеници“.
Лидерот на ДПА пак во вторникот на средба со хрватската и словенскиот претседател го поддржа ставот дека нема услови за фер избори на 5 јуни.
Слично

