Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците ќе расправаат за завршната сметка на Буџетот за 2015

Пратениците ќе расправаат за завршната сметка на Буџетот за 2015

Пратениците на денешната 108 собраниска седница ќе расправаат по Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2015 година.

Министерот за финансии, Кирил Миновски кажа пред матичната собраниска комисија, образложувајќи го Предлогот, дека вкупните приходи на Буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Државниот долг бил на умерено ниво, изнесувал 38 проценти од БДП.

Миновски смета дека фискалните политики предвидени за 2015 година се остварени. Извозот има раст во однос на увозот, а стапката на невработеност е намалена на најниско ниво досега од 24,6 проценти, покажуваат податоците во завршната сметка на Буџетот за 2015 година.

Во меѓувреме опозицијата ја бојкотира работата на Собранието и нема да учествува на седницата.

Слично

Поврзани вести