Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците ќе расправаат за поплавите од 6 август

Пратениците ќе расправаат за поплавите од 6 август

Во Собранието денеска ќе се одржи седница посветена на состојбата во поплавените подрачја.

За оваа седница се очекува Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.

Пратеничката група на СДСМ пред три дена достави предлог за одржување итна седница со една точка на дневен ред „Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 во околината на Скопје“, на која се приклучи и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по што спикерот Трајко Вељаноски ја закажа седницата.

Во невремето од минатата сабота има 22 жртви, а беа поплавени неколку населени места главно во општина Гази Баба, но и во други општини во главниот град. Причинета е голема материјална штета.

Слично

Поврзани вести