Пратениците во Собранието денеска ќе расправаат за интерпелацијата на нивната колешка Олга Најденовска.
Интерпелацијата е поднесена од коалицијата на СДСМ, поради начинот на кој ја води собраниската Комисија за образование и наука.
„Оваа недемократска и режимска власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Комисијата за образование и наука продолжи со најдрско кршење на Уставот и Деловникот на Собранието. На овој начин претседателката на комисијата Олга Најденовска го реализира сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за предизвикување физички инцидент. Спротивно на Уставот и Деловникот на Собранието неосновано го крати времетраењето на дискусиите на пратениците“- стои во интерпелацијата поднесена од опозицијата.
Наведуваат дека спротивно на Деловникот таа го одзема правото на процедурални забелешки на замениците координатори и на членовите на комисијата.
