Пратениците ќе одмараат до осми јануари
Собранието на Република Македонија својата прва активност во новата година ја закажа за осми јануари за кога предвидено е седници да одржат комисиите за образование и наука, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Законодавно – правната комисија.
Членовите на Комисијата за уставни прашања на деветти јануари ќе ги разгледуваат осумте Предлог – амандмани на Уставот, што Владата ги достави до нив на крајот на минатиот месец.
Првата седница за 2015 година е закажана на 13 јануари, додека на седницата за уставните амандмани е закажана за 20. декември.
Осумте уставни амандмани што ќе допрат во повеќе сфери од највисокиот акт во државата ќе бидат првото поголемо политичко прашање со кое пратениците ќе се соочат во текот на јануари.
Слично
