Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците ќе дискутираат за состојбите со поплавените подрачја в недела

Пратениците ќе дискутираат за состојбите со поплавените подрачја в недела

Откако опозицијата побара Собранискиот спикер да свика итна седница на која ќе се дискутира за состојбата во поплавените региони во околината на Скопје, и доби поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Трајко Вељаноски закажа седница .

Пратениците на 14 август ќе се состанат и ќе треба да добијат извештај од Владата во однос на состојбата со погодените подрачја и преземените чекори за санирање на последиците.

На прес конференцијата Шилегов од СДСМ рече и дека тие предлагаат и конкретни заклучоци со мерки што треба веднаш да бидат преземени за им се помогне на граѓаните.

„Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди“, рече Шилегов, повикувајќи ги  сите пратенички групи и пратеници во Собранието да го поддржат нивното барање.

Коментирајќи ја  состојбата на терен во поплавените подрачја Шилегов рече дека СДСМ бележи сериозен корпус на недостатоци од организациски аспект дури и во делење на хуманитарната помош, но свесно не се подигаат на политичко ниво затоа што сега е најнеопходно да се санираат последиците од невремето.

Димовски од ВМРО-ДПМНЕ пак рече дека пратеничката група на неговата партија е добро запзнаена со состојбата на терен, затоа што, како што рече, „секојдневно поголема група пратеници се на терен директно во куќите, помагаат на луѓето, каква е и состојбата и денес,  ја знаеме маката на луѓето, ја знаеме целата загуба“.

Побара заклучоците од седнциата да бидат донесени со консензус од сите пратеници.

Димовски рече дека ќе ги разгледаат предложените заклучоци од страна на пратеничката група на СДСМ и оцени дека дел од нив се веќе реализирани или поминале на седници на Владата, а дел имаат и политичка конотација. Сепак додаде дека треба дополнително да се разгледаат.

Слично

Поврзани вести