Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците изгласаа дополнувања на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“

Пратениците изгласаа дополнувања на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“

Во Собранието денеска со 62 гласа „за“ и еден „против“ е донесен Законот за дополнување на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје.

Расправата по законот беше завршена на претходното продолжение на 108 седница така што пратениците само гласаа за него. Предлогот за дополнување е поднесен од пратениците Олга Најденовска и Драган Данев, а предвидува дополнување на членот седум. Со овие доплнувања се утврдува наставниот јазик кој согласно предлогот може да биде еден од официјалните јазици на Европската унија. Образовната дејност може да изведува наставен кадар од Универзитет од првите 500 највисоко рангирани универзитети, а се утврдува и начинот на полагање и оценување.

Слично

Поврзани вести