Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пратениците го трчаат почесниот круг“

„Пратениците го трчаат почесниот круг“
Студентскиот пленум, во пресрет на утрешната пленарна седница на Собранието на Република Македонија кога треба да се гласа за измените во образованието меѓу кои и воведување државен испит на факултетите, со свирчиња, пароли но и „маратонци“ уште еднаш ќе им каже не на пратениците кои според нив утре „ја трчаат последната лоша трка за финално изгласување на законот за високо образование“. „Вчера по 5 ипол часовна средба на координаторите на сите интерни пленуми, одлучивме на овој начин за последен пат да се обидеме да ги притиснеме пратениците и да им укажеме дека се на лош пат. Сè уште се немаме договорено колку време ќе трае протестот, но имаме предвид дека законот е ставен како 34 точка на гласање, од вкупно 36. Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на последниот обид за критика, пред законот финално да биде изгласан, рече Кирил Арсовски од Студентски пленум во изјава за „НОВА“. Студентите вчера се сретнаа и со претседателот на државата Ѓорге Иванов, пред кого ги образложија своите аргументи против законот за високо образование. Тие се надеваат дека претседателот ќе го искористи правото на суспензивно вето. Од студентскиот пленум нагласуваат дека дополнително ќе се координираат со Професорскиот пленум, за новиот ултиматум кој ќе го постават до Владата. Најавуваат дека можно е кампување пред универзитетите, настава на отворено и слични креативни начини на протест.
Слично

Поврзани вести