Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците денеска ќе расправаат за измените на Законот за придонеси

Пратениците денеска ќе расправаат за измените на Законот за придонеси

На денешната седница на Собранието по скратена постапка ќе се расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Имено, овој предлог во саботата беше предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која најави дека до Собаранието ќе достави  предлог за изменување и дополнување на Законот за придонеси посочувајќи дека со истиот ќе се уважат дел од барањата на граѓаните за исплата на хонорари.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со овој предлог предвидува вработените и пензионерите да плаќаат придонеси само за месечни хонорари кои ја надминуваат просечната плата од 21.300 денари, додека за невработените лица да остане границата од 9.590 денари.
Слично

Поврзани вести