Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците дадоа „зелено светло“ за увид во банкарските сметки на граѓаните

Пратениците дадоа „зелено светло“ за увид во банкарските сметки на граѓаните
Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за здравство од сега ќе може без одобрување на граѓаните да имаат увид во нивните сметки. Вакво одобрение денес едногласно им беше дадено од страна на пратениците кои без никакви дилеми ги прифатија законските измени кои ја предвидуваат ваквата пракса. Со овие нови законски измени трите институции се стекнуваат со право да проверуваат колкави приходи имаат граѓаните кои аплицираат за социјална помош и за бесплатно јавно здравство. „Има ситуации лица со дебели банкарски сметки да аплицираат за користење на правата од социјална заштита и да ги добијат тие права, бидејќи се невработени, а имаат пари на сметки добиени по разни основи“, рече Светлана Карапетрова од ВМРО ДПМНЕ. Според претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Крсто Мукоски, целта на ваквите мерки е сузбивање на сите нелегални дејства со кои социјална помош стига во рацете на оние на кои не им е потребна, за сметка на многу други луѓе кои имаат реална потреба и од парична помош и од социјална заштита, а не можат да влезат во таа категорија граѓани. Ваквата одлука за поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, е спорна и избрзана одлука, бидејќи увид во сметките ќе имаат и институции кои немаат финансиски надлежности. Тој вели дека со ова ќе се наруши приватноста на граѓаните, но и довербата во банкарскиот систем. Од Здружението за банкарство не сакаат да ги коментираат законските измени, бидејќи тие воопшто не биле доставени до нив. Според нив потребно било претходно од нив да биде побарано стручно мислење, бидејќи измените се однесуваат на една од главните премиси на нивното работење, а тоа е деловната тајна.  
Слично

Поврзани вести