ПРАТЕНИЦИ ВО ЗАМИНУВАЊЕ: Кој е најсиромашен, а кој има најмногу „кеш“?
Собранието се распушти, но пратениците и натаму добиваат плата. Според Законот за избор на пратеници, мандатот им трае од денот на верификувањето, до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници. Што значи дека досегашните народни избраници, вкупно 123 на број, иако нема да работат, ќе добиваат плата се додека не дојдат нивните наследници. А, потоа оние кои ќе останат без мандат или не се вработени ќе може да земаат апанажа.
Според Законот за плати на пратениците и други именувани функционери, апанажа може да добиваат најмногу една година по престанок на функцијата. Односно:
- три месеци, ако функцијата ја вршел до шест месеци,
- шест месеци, ако функцијата ја вршел од шест месеци и еден ден до 12 месеци,
- девет месеци, ако функцијата ја вршел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и
- 12 месеци, ако функцијата ја вршел 24 месеци и еден ден и повеќе.
Пратеник, функционер и раководен работник има право да остварува плата подолго од една година од денот на престанувањето на функцијата, а најмногу уште шест месеци ако во тоа време стекнува право на пензија.
Кој е најсиромашен, а кој има најмногу „кеш“ меѓу пратениците во заминување?
Платата на пратениците е околу илјада евра. Но, платата не е ништо во споредба со надоместоците кои ги добиваат за патни трошоци. Така на пример на пратениците од внатрешноста, годишната заработувачка од плата може да им биде помала од патните трошоци. На истекот на овој мандат Фактор ги објавува имотните листови на неколкумина пратеници – лидери на политички партии и координатори на пратенички групи.
Иако вкупно 12 години е пратеник, судејќи според анкетниот лист што го доставил до Антикорупциската комисија, Амди Бајрам е најсиромашен меѓу колегите
[caption id="attachment_149194" align="aligncenter" width="300"]
Има само автомобил „Пежо“ од 2009 година и кредит за отплата.[/caption]
Има само автомобил „Пежо“ од 2009 година и кредит за отплата.
Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ е координатор на пратеничката група во Парламентот. Има 35 години и потежок анкетен лист.
Вози Мердецес Е класа, има акции, имот од родители, но и негов личен имот за кој не дал прецизен податок каде и за што конкретно се работи.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети една деценија е пратеник, но според имотната состојба што ја пријавил, не заштедил многу од функционерската плата.
Ахмети кој во Собранието се појавува само два, три пати годишно има куќа од 100.000 евра во Кичево, земјоделско земјиште од 30.000 долари во Албанија, а автомобил има неговата сопруга.
Неговиот сопартиец и координатор на ДУИ во Собранието Талат Џафери, има куќа во село Форино во Гостивар, вози Ауди А4 од 2008 година.
Во 2013 година си купил и стан во Скопје.
Мендух Тачи – лидерот на ДПА е еден од оние „вечните“ пратеници.
Од недвижен имот има две куќи во Тетово. А, навел дека вози БМВ старо 20 години и неговата сопруга која има Пежо.
Координатор на пратеничката група на ДПА е Имер Алиу. Тој, според имотниот лист доставен до Антикорупциската комисија, нема ништо на свое име.
Куќата е на неговите родители, автомобилот на име на неговата сопруга, а на негово име има само кредит кој го зел во 2011 година.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев не е пратеник. Неговиот имотен лист во Антикорупциската комисија е доставен како градоначалник на Струмица. Координатор на пратеничката група во Собранието е Горан Сугарески.
Прилепчанецот поседува дел од куќа во родниот град, но си купил и стан во Скопје во 2012 година. Поседува голема површина на земјиште, вози Сеат Кодроба, а во 2014 подигнал кредит во висина од 15.000 евра.
Имотниот лист на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски повеќе не е јавен и Антикорупциската комисија го повлече од интернет страницата. Според последните податоци од крајот на декември минатата година, имотот на Груевски, од 2006 година се зголемил седум пати. Тој од функцијата си замина со 200 илјади евра во пари. Но, остана мистерија чии се становите во кои што живее, оти според податоците во анкетниот лист, Никола Груевски не поседува недвижен имот.
М.Ј.

Слично