Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници од власта бараат измени на Законот за кривична постапка

Пратеници од власта бараат измени на Законот за кривична постапка
Пратениците Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ денеска по скратена постапка предложија измени на Законот за кривична постапка. Преку измените се бара продолжување на рокот во кои одбраната има право да поднесе докази од 15 на 90 дена. Втората измена предвидува обвинителството да има обврска пред да поднесе обвинение, да го извести обвинетиот за истражната постапка и собраните докази. Се предвидува измените да важат и за постапките започнати пред влегувањето во сила на овој закон. Подносителите објаснуваат дека целта е да се создадат претпоставки за ефикасно остварување на правата на одбраната на осомничените во кривичната постапка. Од СДСМ ова го толкуваат како уште еден напад врз Специјалното јавно обвинителство, а измените на Законот за кривична постапка според нив се со цел да се одложат постапките на СЈО.
Слично

Поврзани вести