Пратеници не можат да земаат плата од две места
Пратеничките прашања во отсуство на СДСМ ги искористија пратениците од опозиционите албански партии. Пратеникот Изет Зекири, се пожали дека не е во ред тоа што пратениците не можат да работата и на други места. „Пратеник кој зема 1.000 евра плата, не може да зема и 1.500 евра професорска плата, вели Зекири. Премиерот Никола Груевски пак рече дека пратениците не може од две места да земаат плата.
“Законот со кој пратеничката дејност не се спојува со друга дејност е одамна донесен, а не сега. Пратениците кои биле професори од две места земале плата, како што и самиот пратеник кажа. Мое мислење е дека откако се напушти стариот концепт, се зголеми присутноста на пратениците во Собранието. Пратеникот кога се кандидирал знаел дека се бара да бидат професионалци и не може да работат на повеќе места“, рече премиерот Груевски
Слично
