Пратеник шамарел социјални работници во Битола
Пратеникот Васко Наумовки од ВМРО-ДПМНЕ од македонскиот Парламент во Австралија, денеска физички нападнал четворица вработени во Центарот за социјални работи во Битола, објавува Телма.
Ова го тврди Валентина Ралевски, една од вработените која е хоспитализирана во битолската болница.
Адвокатот на Ралевска, Доне Кузмановски го потврди обвинението и рече дека случајот веќе го пријавиле во полиција.
Во болницата во Битола, се пријавиле 4-цата колеги, но била задржана само Ралевска. Од полицијата потврдија дека имало инцидент во Центарот за социјални работи, но не дадоа повеќе информации.
Слично
