Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИК НА НОВА ДЕМОКРАТИЈА: Aко не се постигне целосен договор, ќе падне предлог Скопје да стане набљудувач во НАТО

ПРАТЕНИК НА НОВА ДЕМОКРАТИЈА: Aко не се постигне целосен договор, ќе падне предлог Скопје да стане набљудувач во НАТО

Пратеникот од Нова демократија и потпретседател на грчкиот парламент, Никитас Какламанис, во интервју за грчкото радио 247 вели дека ако не се постигне целосен договор, ќе падне предлог Скопје да стане набљудувач во НАТО.

Тој вели дека тешко може да се постигне комплетен договор до јули, а како една од главните причина ја споменува промената на Уставот.

„Моето предвидување е дека на НАТО Самитот, бидејќи мислам дека нема до тогаш да се постигне договор, онака како што има бара Грција, особено за промените во Уставот, може да падне предлог на маса и да го прифати тоа владата на Ципрас и на Каменос, дека во ред, не е постигнат целосен договор, но да го ставиме Скопје во НАТО како набљудувач“- вели Какламанис.

Пратеникот од Нова демократија, во интервјуто за радиото упати критики до грчката Влада затоа што не ги известила опозициските партии и не формирала една национална линија, особено пред посетата на Коѕијас на Скопје. Тој додава дека за испратените грчки и македонски предлози за решение, дознале од медиумите.

Слично

Поврзани вести