Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците прашуваа за екстерното тестирање на факултетите

Пратениците прашуваа за екстерното тестирање на факултетите
Повеќе прашања на денешната собраниска седница за пратенички прашања во Собранието беа посветени на моделот за екстерно тестирање или државен испит што се предлага во високото образование. Пратениците се интересираа за деталите од концептот и дилемите што се појавуваат во неговото функционирање. „Некој се обидува да ги манипулира студентите. Според моите истражувања ваков испит веќе има во Унгарија, Полска, Чешка и Словачка“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. „Овој закон е турли-тава. Нешто земено од Данска, но ќе земеме нешто и од Полска и од Чешка. Ова не е градење згради - ќе дојдат други, ќе ги симнат фасадите и ќе направат рококо. Ова е образование“, вели опозициската пратеничка Солза Грчева. На сите прашања одговараше Груевски, кој уште еднаш ја појасни разликата меѓу екстерно тестирање и државен испит - концептот што се предлага. Нагласи дека државниот испит ќе им даде шанса на студентите да си го проверат своето знаење. „Воведувањето на државниот испит ќе помогне да покаже дека секој студент има знаење барем за шестка. Еден испит повеќе или помалку не значи ништо“, вели Груевски.  
Слично

Поврзани вести