Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците на отсуство, Собранието со заштеда од 58 илјади евра за шест месеци

Пратениците на отсуство, Собранието со заштеда од 58 илјади евра за шест месеци

Поради бојкотот на опозицијата во касата на Собранието останале 58 илјади евра, покажа статистиката направена во рамки на проектот „Мојот пратеник“. Со проектот се следеа првите шест месеци од 2013 година, а пресметката е направена врз основа на просечната пратеничка плата од 60.000 денари, без приходните од комисиските седници.

Според овие податоци, пратениците од опозицијата за време на бојкотот ги немало на 12 седници. Во изминатите шест месеци не дискутирале 73 пратеници, а на ниту една седница не дошле 39 пратеници.

Од 14 пленарни седници одржани во првите 6 месеци од 2013-та, на 10 седници пратениците изгласале 122 закони од кои 64 од економска област, 21 од политички систем и 37 од јавните дејности. Одржани се и три седници посветени на пратенички прашања, а имало и едно обраќање, а незавршени се две седници.

Најмногу оправдани отсуства имале Али Ахмети, лидерот на ДУИ и Мендух Тачи, лидерот на ДПА, потоа Ристо Манчев, Тито Петковски, Рафет Мумировиќ, Фијат Цаноски, Јани Макрадули.

 За најактивен пратеник се смета Ивон Величковски од Либералната партија , кој начесто  се јавил за дискусија и има најмногу реплики и контрареплики. Најнногу предлог закони според оваа листа , вкупно 6, поднел  пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Слично

Поврзани вести