Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците на СДСМ поднесуваат оставки во Собрание

Пратениците на СДСМ поднесуваат оставки во Собрание
Пратениците избрани на листите предводени од СДСМ денеска и официјално ќе ги достават своите оставки до Собранието. Од 34-ца избрани пратеници, 33-ца потврдија дека ќе ја достават својата оставка, со што ќе се создадат услови за престанок на нивниот мандат. Единствено Роза Топузова-Каревска од ЛДП изјави дека нема намера да се откаже од мандатот и оти останува пратеник. Според Изборниот законик, ако пратеник поднесе оставка, Собранието на првата наредна седница констатира дека на пратеникот му престанува мандатот од денот на одржувањето на седницата по што пратеничкиот мандат се префрлува на наредниот кандидат од листата на истата партија или коалиција. Наредниот кандидат во рок од 8 дена треба да ја извести ДИК дали го прифаќа мандатот и доколку и тој го одбие, тоа право се пренесува на наредниот кандидат, се додека не се исцрпи листата. Доколку никој од листите на СДСМ не прифати да биде пратеник, Изборниот законик предвидува дополнителни избори. Одлуката за поднесување оставки следува откако Управниот суд не ја прифати тужбата на СДСМ за „насилна верификација на мандатите“. СДСМ и сите пратеници од листите на оваа партија се откажаа од мандатите како знак дека не ги признаваат изборите и изборните резултати.
Слично

Поврзани вести