Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата откако власта одби законот за минимална плата да го стави на дневен ред
Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред.
Не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа за дополнување на дневниот ред со нивното законско решение со кое се прифаќаат барањата на ССМ, по што тие решија да ја напуштат работата на денешната 84. седница. До соопштување на ваквата одлука на опозициската партија претходеше дебата меѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, а беше дадена и едночасовна пауза.
Според објаснувањето на Гаши, предлогот на СДСМ за дополнување на дневниот ред со законско решение за зголемување на минималната плата не можел да се стави на гласање бидејќи тој не бил доставен до сите пратеници, односно бил на преведување.
