Пратениците ќе вежбаат фитнес во новиот мандат
Фитнес сала ќе добијат пратениците во реновираното македонско Собрание, по примерот на парламентите во повеќето европски земји. Салата ќе биде сместена во сутеренот од собраниската зграда, од десната страна и за неа веќе се набавуваат справи.
Според проектот, секој пратеник во реновираната зграда ќе добие своја канцеларија. Изградени се и шест сали за седници на комисиите кои ќе бидат опремени со по две простории за преведувачите и соба за техника.
Работите се во завршна фаза и до крајот на годината треба да заврши реконструкцијата и надградбата на Собранието, која чини повеќе од 11 милиони евра.
ФОТО: МИА
ФОТО: МИА
Слично
