Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците ќе добијат маички „Слобода за Кежо“, а на новинарот ќе му се суди експресно!

Пратениците ќе добијат маички „Слобода за Кежо“, а на новинарот ќе му се суди експресно!
Судењето за новинарот Томислав Кежаровски, ќе се одвива по итна постапка. Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, за „Утрински весник“ изјавил дека имајќи ги предвид сите случувања изминативе денови и штрајкот со глад на новинарот Кежаровски, судењето ќе почне во многу скоро време и нема да се чека до септември: -Судењето ќе почне летово по итна постапка и на него ќе бидат презентирани сите докази од обвинението кои беа поднесени деновиве, вели Панчевски. Инаку, денеска во 11 часот иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притвор ќе им подели маички на пратениците со натпис „Слобода за Кежо“. Во Собранието ќе бидат доставени 123 маички, колку што има и пратеници. Од Одборот апелираат сите пратеници, без разлика од која партија се, да ги облечат маиците за време на работата во Собранието и со тоа да покажатсолидарност и поддршка за напорите на новинарите да му се дозволи на да се брани од слобода. Кежаровски е во притвор веќе трет месец, обвинет е за обелоденување на заштитен сведок пред 5 години за случајот Ореше. И Хелсиншкиот комитет за човекови права најавија жалбена постапка до Европскиот суд за човекови права за случајот Кежаровски. По увидот во документацијата за предметот, организацијата констатирала низа неправилности кои се спротивни на Европската конвенција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права. Според нив, судиите требало детално да прецизираат зошто сметаат дека притворениот новинар ќе побегне. Завчера Кривичниот суд протестите на новинарите ги оцени како притисок од страна на поедници и групи кои како што се вели во соопштението – на овој начин го злоупотребувале медиумскиот простор. Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, одговори на вчерашното остро соопштение на Кривичниот суд. „Ако навистина со нашите јавно изречени ставови и со нашето уставно загарантирано право на протести, како што се наведува во соопштението на судот, се прави упад во независното функционирање на судскиот систем и примена на законите, се загрозуваат правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните, тогаш како граѓани на Македонија сме длабоко загрижени за кревкоста на судскиот систем. Ако со свирчиња, новинарите направиле упад во независноста на судот, тогаш што прават политичките елити и другите центри на моќ со нивните инструменти за притисок врз судството“ - прашуваат од иницијативниот одбор. „Зачудени сме што наместо на јавноста и на граѓаните да им дадете објаснување зошто навистина новинарот Кежаровски толку долго е во притвор, Вие се обидувате да ги дискредитирате и иницијативниот одбор и новинарската професија во целина“, пишува во реакцијата од Иницијативниот одбор. Во меѓувреме низа писатели, академици, универзитетски професори и режисери се приклучија кон иницијативата за ослободување на Кежаровски.
Слично

Поврзани вести