Пратениците го изгласаа ребалансот на Буџетот за 2013 година
Со поддршка од 58 пратеници Собранието на Република Македонија го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година со кој дополнителни средства добија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука.
Опозициската СДСМ најави дека нема да гласа за предложениот ребаланс и дека нема да го поддржи.
На 3,9 е проширен дефицитот, а финансирањето е од Буџетот. Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Буџетот за 2013 година се реализираше како што е ветено. Во образложението, минатата недела, рече дека прецизно и навремено се исплаќаа обврските кон стопанството, граѓаните и кон сите оние кои треба да добијат средства од Буџетот.
Додека за опозицијата ребалансот на буџетот е донесен на недемократски начин, дека се носи за да се зголеми задолжувањето на државата од планираните 60 милиони на 160 милиони евра.
Собранието по предложниот ребаланс расправаше три дена.
