Пратениците го изгласаа Законот за медиуми, амандмани за интернет порталите – веројатно догодина!
Прво закон, а потоа амандмани, со 62 гласа „за" Собранието го изгласа Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Опозицијата го наушти гласањето, а утрово со кренати транспаренти на кои пишуваше „Не во наше име“, дел од новинарите посочија дека не ги прифаќаат новите закони за медиуми. Ккао што истакнаа од Самостојниот синдикат на новинари, донесувањето на законите ќе отворат нови проблеми за новинарите и медиумските работници.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски пак најави дека идната владина седница ќе ги достави предлог амандманите на двата медиумски закони. Истакна дека со претставниците на ЗНМ се договориле дека од законите ќе бидат изоставени интернет медиумите, додека печатените медиуми ќе имааат обврска само за импресум.
„Дополнително во период од пет до шест месеци ќе дискутираме за МРТ. Тоа што ветив со претседателот на ЗНМ на следната владина седница ќе го реализираме",истакна Ивановски.
За опозицијата изгласувањето на овој закон е резултат на пазарењето меѓу коалиционите партнери во власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Ивановски и претседателот на ЗНМ Насер Селмани во саботата заеднички објавија дека постигнале договор законите за медиуми и за аудио-визуелни медиумски услуги кои се во собраниска процедура да се донесат веднаш, а за забелешките за кои се усогласени Владата амандмански да интервенира во што е можно пократок период. Повеќе новинарски здруженија се спротивставија на ваквиот договор.
Слично
