ПРАТЕНИЦИТЕ ДАДОА „ЗЕЛЕНО СВЕТЛО“: Од каде ќе скрати Владата за да враќа стари долгови?
Владата ќе враќа долгови со пари од проекти кои што не може да ги заврши.
Оваа одлука денеска ја поддржа мнозинство пратеници.
51 глас „ЗА“, ниту еден „против“ и 25 „воздржани“ пратеници решија да дадат зелено светло за да може владата да прераспредели милијарди денари меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.
Министерот Тевдовски образложувајќи ја прераспределбата посочи дека со исплата на долговите кои ги наследи владата од претходната гарнитура ќе се обезбедат заштеди во следните 10 години како резултат на избегнување на плаќање на камати и евентуални судски трошоци за ненавремено подмирени обврски
Она што планираат да го направт надлежните е исплата на неколку заостанати долгови како за Македонската филхармонија, опрема во МВР, градежни објекти во СОЗР – Факултетот за драмски уметности, Албанскиот театар и библиотеката во Тетово.
Илија Димовски во име на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја поддржа оваа промена како што рече поради тоа што крајна цел е 50 милиони евра да влезат во стопанството, но сепак рече дека одлуката за прераспределба на средствата ги покажува слабостите при планирање и реализација на прокетите.
