ПРАТЕНИЦИ СЕ ФАЛАТ СО ЗЕЛЕНИТЕ ЛИВЧИЊА „ЗА“ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА - уште не се знае кој бил „против“ или „воздржан“
Сликани со зелените ливчиња со кои гласале „за“ Законот за минимална плата, пратеници од владејачката партија се фалат на социјалната мрежа фејсбук дека изгласале системско законско решение со кои им го подобриле животот на 80.000 работници.
Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ на фејсбук објави фотографија и пост од гласањето за зголемување на минималната плата на 18 илјади денри.
„Ги изгласавме измените во Законот за минимална плата. Плата од 18.000 денари, усогласена по нови поповолни критериуми: 50 отсто од годишниот раст на просечната плата, 50 отсто од растот на трошоците за живот, согласно податоците од ДЗС, минималната плата не пониска од 57 отсто од просечната плата објавена од ДЗС, за претходната година. Носиме системски решенија од кои придобивка имаат граѓаните. Мартовската минимална плата на 80000 работници ќе биде зголемена. Трудот на работниците мора да се вреднува. СДСМ е секогаш на страна на своите граѓани, поддршка за својот народ“, пишува Костовски на фејсбук.
Во меѓувреме, од Собранието објаснуваат дека е комлицирано да соопштат кои пратеници гласале „против“ или „воздржано“ за минималната плата, со оглед што немало електронско гласање, туку рачно, и плус гласањето не било поединечно, туку со зелените ливчиња, така што треба од камера да се гледа кој бил за а кој против. Повеќе информации од Собранието најавија за денешниот ден.
Слично
