Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници ќе лобираат да се промени трасата на гасоводот

Пратеници ќе лобираат да се промени трасата на гасоводот

Две пратенички од владиниот коалиционен партнер ДОМ заклучуваат дека сите аргументи на екологистите и стручните лица укажуваат на потребата за преиспитување и промена на трасата на гасоводот, тргнувајќи од значењето на Водно како прочистувач на воздухот и извор на кислород за граѓаните на Скопје и околните места.

Пратеничките од оваа партија Маја Морачанин и Лилјана Поповска се сретнаа со претставници на граѓански здруженија од иницијативата против изградба на гасовод по сртот на парк-шумата Водно.

„Во просторниот план на Република Македонија оваа парк-шума е дефинирана како заштитен предел со посебни природни карактеристики и е предвиден режим на заштита како дендролошки споменик на природата.

Дополнително, Водно е најзначајното излетничко место на главниот град, а нејзиниот с'рт е дел од туристичката рута за планинари и велосипедисти, што води кон македонските туристички атракции, кањонот Матка и пештерата Врело“, се вели во соопштението на ДОМ.


Слично

Поврзани вести