Пратеничко „селфи“ за дијаспората
Тројцата пратеници од дијаспората во новиот состав на македонското Собрание го следат трендот на популарните „селфи“ фотографии, па денешната конститутивна седница во Собранието ја „овековечија“ со заедничка фотографија споделена и на социјалните мрежи.
За пратеникот од изборната единица која ги опфаќа американските континенти Павле Саздов ова ќе биде втор мандат во Собранието, додека Васко Наумовски е за првпат избран за пратеник од Австралија и Азија, а Ристо Манчев ќе ја претставува дијаспората од Европа и Африка.
Сите тројца пратеници се од ВМРО-ДПМНЕ, а речиси сите останати партии кои имаа свои кандидати го оспорија гласањето во дијаспората. Реакции предизвика и малиот број гласови потребни за да се обезбеди пратеничко место во дијаспората заради малиот број пријавени гласачи. Така, според податоците од ДИК, на кандидатите во Австралија и Америка им биле доволни по околу 800 гласа за пратеничко столче, што многупати помалку од потребниот број гласови во изборните единици во Македонија.
Слично
