Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничките – слабата алка на СДСМ

Пратеничките – слабата алка на СДСМ
Уште две пратенички од листите на СДСМ се изјаснија дека побарале да ги повлечат своите оставки во Собранието. Долгогодишниот новинар на МРТ Љубица Буралиева одлуката ја потврди и на својот Фејсбук профил. „Промена за нов почеток, став со кој влегов и опстојувам како социјалдемократ , како човек со личен интегритет и кој живее во систем на загубени вредности, на крајна недемократичност на сите нивоа, во општествен амбиент неподнослив за достоинствен човечки живот. Борбата е јасна и недвосмислена, но, демократскиот предзнак на политичката опција на која што и припагам и која ми даде доверба за да ја барам пак довербата на граѓаните , подразбира и слобода на размислување и лични ставови во однос на конкретни потези до единствената цел. Одлуката на највисоките органи на СДСМ за бојкот и неприфаќање на изборните резултати безрезервно, без трошка дилема ја поддржувам ( став на 33-та пратеници на здружената опозиција), но вонинституционалниот облик, формата на бојкот за мене е неприфатлив (личен став што го изнесов и на почетокот кога за тоа имавме можност, по веќе донесената одлука на највисоките партиски тела). Зборувам за личен став не за личен интерес, како што, не знам заради кои и чии интереси, некој сака да прикаже и да ја девалвира мојата личност, конечно и да го урне мојот личен интегритет.Дозволете, довербата треба да е двонасочна. Конечно,како долгогодишен новинар , во изминативе 8 години доволно силно ја почувствував ,,слободата” на говорот, на мислата….дозволете ми да мислам, да зборувам,да критикувам,да одобрувам, искрено сакам да верувам дека довербата на граѓаните (по предлог на СДСМ) за тоа ја добив“, напиша Бураллиева на Фејсбук. Нејзиниот јавно изнесен став со коментари го критикуваат припадници на опозициската партија. Одлука да ја повлече својата оставка донела и пратеничката Солза Грчева, професор по информатика на Универзитетот ФОН. „Јас со крвава работа во Советот ја добив честа да бидам на пратеничката листа на опозицискиот блок“, изјави Грчева претходните денови, изразувајќи јавно несогласување со одлуката за бојкот на Параментот. Сепак Грчева најави дека својата конечна одлука ќе ја објави утре. Претходно, одлука да не го врати мандатот донесе и Роза Топузова-Каревска од ЛДП, која исто така беше на листата на опозицијата.  
Слично

Поврзани вести