Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА: СДСМ прашува, власта одговара!

ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА: СДСМ прашува, власта одговара!

После година и пол отсуство од Собранието, опозициската СДСМ денес ја има честа да поставува пратенички прашања.

Пратениците на СДСМ имаат можност да му постават прашања на премиерот и власта за темите кои се актуелни во моментов.

Поради доцнењето на и премиерот и министрите 50 минути, денешната 66 собраниска седница започна подоцна, на што опозицијата побара истата да биде продолжена.

За ова на почетокот на седницата реагираше пратеникот и координатор на пратеничката група на опозицијата, Горан Сугарески, кој рече дека ова е стара пракса на власта за непочитување на парламентот, и побара продолжување на седницата за 50 минути.

-Ова не е ништо ново, туку една стара појава која ја практикува власта, рече Сугаревски.

Сугаревски доби реплика од пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Димовски кој рече дека опозицијата имала 15 месеци шанса да поставува прашања, но никаде ја немало.

Се очекува прашањата на опозицијата овој пат да бидат малку потешки за одговор бидејќи има доста комплицирани прашања кои заслужуваат одговор, велат од опозицијата.

Слично

Поврзани вести