Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратенички аздис: Годинава за патни трошоци ќе се поделат дополнителни 813.000 евра!

Пратенички аздис: Годинава за патни трошоци ќе се поделат дополнителни 813.000 евра!

Пратениците и службите во Собранието за годинава на располагање имаат 4,7 милиони евра само за  плати. Во собранискиот буџет за годинава може да се забележи дека има раст на трошоците за плати за околу 100 илјади евра, во споредба со минатата година.

За патни и дневни трошоци за пратеници и службите, Собранието на располагање има дополнителни 813 илјади евра.

А, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во отсуство на опозициската СДСМ, пред извесно време си ги зголемија и дневниците за службените патувања во странство.

Во јавноста и на социјалните мрежи се крена многу врева откако интернет порталот Инбокс 7 објави истражување според кое за 11 месеци,  за патни трошоци на пратениците им биле  исплатени близу 1 милион евра.

Според податоците на порталот во првите 11 месеци од минатата година за патни трошоци на пратениците  им била исплатена сума од  60.302.260 денари што е околу 1 милион евра. При тоа од порталот наведуваат дека трошоците  се направени во периодот од мај 2013 година до септември 2014.

Најмногу пари за патни трошоци добил пратеникот од Гевгелија, Драги Цуклев. Тој наплатил близу 25 илјади евра.

Битолските пратеници Зоран Илиовски и Љиљана Кузмановска, наплатиле по 6000, односно 18.000 евра.

На сметката на Силвана Бонева, Собранието до ноември 2014 година исплатило нешто помалку од 23.000 евра.

Роза Топузовска Каревска наплатила 4.500 евра, а нејзината сограѓанка од власта Ане Лашкоска, во првите 11 месеци лани наплатила околу 17.000 евра за патни трошоци.

На координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во 2014 година на Димовски му се исплатени 5.200 евра.

Информацијата на порталот Инбокс 7 предизвика бурни реакции во јавноста и негодување кај граѓанните за oгромните суми на пари што ги добиваат пратенiците. Односно, тие покрај парите за плати, комисии, патувања во странство очигледно дека добиват и огромни суми пари за патни трошоци, особено оние кои доаѓаат од внатрешноста.

Дел од пратениците се во собраниските клупи и по девет години, па ако се има во предвид колкави суми за патни трошоци добиваат, колкави им се платите не е тешко да се пресмета дека досега на нивно конто легнале неколку стотици илјади евра.

Реагираше и опозицијата, посочувајќи дека дел од пратенците кои стојат на листата дека наплатиле дебели пари за патни трошоци, сепак живеат во Скопје, односно имаат куќи и станови во главниот град, па не им е јасно какви патни трошоци наплаќале.

Слично

Поврзани вести