Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничката на СИРИЗА чиј дом беше нападнат со молотов коктел: Сакаа да ме убијат

Пратеничката на СИРИЗА чиј дом беше нападнат со молотов коктел: Сакаа да ме убијат

Теодора Ѕакри, пратеничката на СИРИЗА чиј дом во Јанина беше нападнат синоќа со молотови коктели пред гласањето за ратификација на Преспанскиот договор, го опиша актот како обид за убиство.

"Напад со обид за убиство додека моето семејство и моето мало дете беа во мојот дом е дело на сили кои изминатите неколку месеци внесоа поделби во земјата.  Сакам да испратам до сите овие убијци пораката дека јас ќе продолжам енергично да се залагам за моите идеи и верувања во светлото на националниот интерес. Повикувам да се подигне непробоен ѕид против фашистичката закана и да се изолираат центрите на овие одбивни идеи и акции“, се огласи Ѕакри.

Обидот да се запали нејзиниот дом го осуди и грчкиот премиер Алексис Ципрас, како и опозициската Нова Демократија со партиско коментар дека нема место за вакви подмолни тактики во демократскиот свет.


Слично

Поврзани вести