Пратеничка група ќе побара намалување на ДДВ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју на телевизија Алфа изјави дека повратот на ДДВ кој го ветува премиерот, Зоран Заев ќе биде уште една лага на власта.
Вели дека има многу подобро решение кое ќе го предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата, најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи намалување на ДДВ-то од 18 на 16 проценти за дел од производите и од 5 на 4 на останатите. Вели дека на овој начин граѓаните ќе ја заштедат сумата од 500-тини евра на годишно ниво која ја ветуваше Заев.
Слично
