Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прашањето со името останува во сенка-Коѕиас и Попоски утре на средба во Скопје!

Прашањето со името останува во сенка-Коѕиас и Попоски утре на средба во Скопје!

Спорот со името на утрешната средба меѓу македонската и грчката дипломатија нема да биде ставен на маса.

За ова соопшти министерот за надворешни работи Никола Попоски кој посочи дека Македонија и Грција ја засилуваат комуникацијата.

Во фокусот на разговорите ќе бидат европските перспективи на Македонија, како и за другите прашања од односите меѓу двете земји.

„Не верувам дека во оваа прилика ќе имаме можност да се нафатиме со решавање на спорот со името“, посочи Попски.

То дополни: „Во изминатиот период рековме дека тоа што не е приоритет е подобрување на односите меѓу двете земји, создавање поцврсти врски, во што е можно повеќе области и мислам дека за ова, во изминатиот период направивме сериозен исчекор. Сето тоа би го ставил во графата на зголемување на довербата меѓу Македонија и Грција“, рече шефот на македонската дипломатија.

Досега двајцата дипломати отворено разговараа повеќе пати во однос на прашањето со името кое ја кочи земјава на патот кон евроинтеграциите.

Во мај грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас во врска со грчко-македонскиот спор за прашањето за името рече дека  условите треба да созреат во соседната земја (кај нас), за да може да прифати значителен компромис.

Во интервју за неделното издание на „Катимерини“, Коѕиас кусо се осврна на грчко-македонските односи при што ги истакнува мерките за градење доверба.

„Што се однесува до спорот за името, сметам дека треба да созреат условите кај соседната држава за да прифатат еден суштински компромис. Целта ни е да се засилат нашите општествени и економски врски“- вели Коѕиас.

Тој исто така потсети дека негова неодамнешна иницијатива беше и состанокот во Солун, на кој учествуваа министрите за надворешни и за внатрешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, и кој завршил со голем успех.

Слично

Поврзани вести