Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прашање до Петир:Дали во ЕУ аболицирате криминалци?

Прашање до Петир:Дали во ЕУ аболицирате криминалци?

Учесници во „Шарената револуција“ денеска пред скопски ресторан, преку транспарент ја прашаа eвропратеничката Маријана Петир „Дали во ЕУ аболицирате криминалци?“.

Петир денеска се сретна со техничкиот премиер, Емил Димитриев по што во скопски ресторан се сретна  со жени од политичкиот живот во Македонија.

„Денес го засоливме ручекот на евро-пратеничката Маријана Петир која околу пладне во ресторан во Скопје дискутираше со жени од политичкиот живот во Македонија. Ја прашавме: ДАЛИ ВО ЕУ АБОЛИЦИРАТЕ КРИМИНАЛЦИ? Инаку, Петир пред неколку дена изјави дека излезот од кризата во Македонија се избори на 5 јуни, а ние не се согласуваме со тоа!“ - стои на страницата #ШаренаРеволуција на Фејсбук.

Петир на средбата со Димитриев  истакнала дека врвно демократско право и начело е граѓаните да одлучуваат на фер, кредибилни и демократски избори.

Слично

Поврзани вести