Познато што поседува Коста Петров, потпретседателот на СДСМ
Државната
комисија за спречување на корупција и судир на интереси го објави анкетниот
лист на Коста Петров, кој со назначувањето за ВД директор на Фондот за иноваци
и технолошки развој за прв пат доби државна функција.
Потпретседателот на СДСМ пријавил стан од 136 метри квадратни во Скопје во вредност од 8.742.181 денари. Истиот е купен минатата година како заеднички имот со неговата сопруга.
Петров како личен имот пријавил и дивиденда за 2019 од 1.346.769 денари, а за 2020 наведена е исплатата на хонорар од авторски права од 1.500.515 денари.
Во анкетниот лист стојат и два кредити од 6,78 и 1,85 милиони денари подигнати во 2018, односно 2013, како и удел во хартии од вредност од 316.200 денари.
А.К.
Слично
