Познато на колку работници им е зголемена платата во Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска на прес-конференција истакна дека Владата ги зголемила платите на 19.000 работници.
Измените на законот за работни односи според неа влијаат за дополнителна сигурност за работниците за задржување на нивното работно место.
„Без социјален дијалог, нема унапредување на работничките права. Со измените во законот ќе се добијат прецизни договори за работен однос, но и заштита за работникот да не остане без неговото работно место“, рече Царовска.
Слично
